Еурофарм Пелистер го „врза“ струшкиот бисер до 2025 година!

Откако беа продолжени договорите со Ненад Костески и Цветан Кузманоски, тимот на Еурофарм Пелистер ја продолжи соработката и со третиот стружанец – Емилијан Ѓорговски.

Левиот бек е еден од оние кој влегува во сите комбинации на клубот во иднина и затоа уште најмалку три години ќе го носи „зелено-белиот“ дрес. Младиот стружанец, кој пред точно две години дојде во Битола, се обврза на нов тригодишен договор и потпиша до крајот на 2025 година.

Ѓорговски беше доведен како член на Еурофарм Пелистер 2, но со постојаниот напредок, од ова лето е под палката на Ларс Валтер во првиот тим на битолчани.

Веќе дебитираше во СЕХА лигата, а наскоро ќе заигра во Лигата на Европа. Ѓорговски настапуваше за сите младински и за сениорската репрезентација на Македонија во периодот по пристигнувањето во Битола.