Естонски клуб ќе игра во шампионатите на две држави

Ракометната федерација на Финска потврди дека националните федерации на Естонија и Финска постигнале договор да ја одобрат иницијативата на естонскиот тим Талин да настапува во првенството на Финска.

Талин ќе се натпреварува само во регуларниот дел, финските екипи ќе одиграат по два натпревари и дома и нагости против тимот од Естонија. Покрај тоа Талин ќе продолжи редовно да се натпреварува во естонскиот шампионат.

„Многу сме задоволни што имаме можност да учествуваме во регуларната сезона на шампионатот на Финска. Оваа лига се развива многу брзо во последните години. Ќе ги носиме и нашите јуниори на гостувањето и ќе ги организираме навивачите за на гостувањата. Се надевам дека финските тимови ќе го следат овој пример “, коментира селекторот на Талин Ристо Лап.

Поголемиот број на квалитетни натпревари би требало да биде од голема корист за равој на ракометот воопшто во Естонија и подигнување на квалитетот на екипата на Талин.