Екс ракометар на Вардар и Радовиш се пресели во Словенија

Ракометарот од Црна Гора, Божидар Симиќ, кој беше член на Вардар Јуниор и Радовиш, во новата сезона ќе настапува во словенечкиот шампионат.

Црногорскиот плејмејкер, кој игра и како лево крило, по успешните настапи во босанската лига ќе биде нов ракометар во екипата на Рико Рибница.

Последните две сезони ги мина во босанската екипаСлога од Горњи Вакуф. Раководството на Рико Рибнца ги забележа неговите квалитети и реши да го донесе во своите редови.

Симиќ ги има поминато сите младински селекции на репрезентацијата на Црна Гора. Неколку пати беше дел од поширокиот список на црногорската сениорска репрезентација.