Екс македонски селектор тврди: Подобро ќе беше Србија да донесе Скандинавец на клупата

Во минатото на екс југословенските простории владееше мислењето – доколку сакате успех на репрезентацијата донесете го за тренер Зоран Тута Живковиќ.

Сепак во последниот период тој не е активен и само ги следи ракометните натпреварувања од страна, но и не премолчува некои случувања во репрезентациајта.

Поранешниот селектор на репрезентацијата на Македонија, Живковиќ после изборот на Тони Херона за селектор на Србија имаше свој коментар. Тој смета дека Шпанецот не е вистинскиот избор во овој момент.

„Според моето мислење можеби во овој момент подобар избор за селектор би бил Скандинавец отколку Шпанец. На скандинавските стручњаци им давам предност бидејќи нивните клубови играат модерен ракомет, тренерите се посветени на тактичко-техничките работи до перфекција и имаат сличен менталите на нашиот. Немам против тренер странец, но не е добро што нема да биде професионалец туку ќе работи и во клуб. Нас ни треба некој кој ќе биде постојано во Србија, кој ќе живее и работи тука. Мораме да направиме млад тим, многу работи треба да се завршат за тоа затоа мора тренерот да е често во Србија. Најмногу ме загрижува што Херона ќе доаѓа три-четири пати годишно на недела дена“, рече Живковиќ за Direktno.rs.

Според мислењето на Живковиќ има многу домашни тренери кои имаат освоено се во своите кариери и биле можеби подобар избор за селкторската позиција, односно би требале да бидат во федерацијата и да одлучуваат.

„Стручниот совет на репрезентацијата мора да биде органот кој ги носи одлуките, а да биде составен од селектори. Тука треба да има место за играчи и тренери со богати биографии, а во Србија дефинитивно имаме такви. Тука се Исаковиќ, Елезовиќ, Рниќ, Вујовиќ, Вуковиќ тие имаат освоено сè. Тие се во најдобрите години и мораат да бидат поддршка на федерацијата. Но нив ги нема долго на некоја од функциите, очигледно на некого му сметаат нивните успешни кариери. Тоа е еден од главните проблемот во нашата федерација и застојот на српскиот ракомет“, коментираше Живковиќ.