Екс голманот на Вардар најде ангажман: Кугис се сели во Шведска

Поранешниот голман на Вардар, Артурс Кугис, најде клуб во кој ќе настапува во новата сезона.

Летонскиот чувар на мрежата потпиша договор со шведскиот тим Варберг, а по настапите во Франција, Германија и Македонија, Кугис ќе се проба и во скандинавската држава.

Варберг има два порази на стартот на шведскиот шампионат, па ќе се обиде со Кугис да се врати на победнички патеки.

Кугис требаше да остане во Вардар две сезони, но повредите го спречија да ги покаже квалитетите со кои располага.