Една недела е репрезентативец во ракомет, другата во фудбал

Репрезентативецот на Фарските острови, Хилмар Леон Јакобсен откако во минатите денови се подготвуваше со своите колеги за натпреварите од квалификациите за Европското првенство во 2022 година, но поради позитивни случаи со Ковид 19 натпреварите беа одложени.

Сепак, Јакобсен ќе има нова можност да настапи за националниот тим на својата земја.

Тој е повикан во фудбалската репрезентација и ќе биде дел од Лигата на на нации оваа недела. Селекцијата на Фарските острови игра против Летонија и Малта во ова натпреварување и Јакобсен е еден од играчите кои се најдоа на списокот на селекторот.

Се работи за играч кој ги комбинира ракометот и фудбалот, а не е единствениот кој се занимава со повеќе спортови во оваа земја.

Досега е познато дека голманот Јенс Мартин Кнудсен исто така бил дел од ракометната и од фудбалската репрезентација на Фарските острови, а покрај тоа е и репрезентативец на оваа земја во гимнастика. Торкил Нилсен, пак, има уште спортови. Тој покрај тоа што играл за фудбалската селекција игра и во репрезентациите во одбојка, бадминтон и шах.