Еден Македонец сигурно ќе игра на Ф4 во Келн

Со комплетирањето на средбите од осминафиналето во Лигата на шампионите стана јасно и кои се двојките за четврт-финалето. Со вчерашниот пласман на Нант во следната рунда стана јасно дека Македонија ќе има и годинава свој претставник на завршниот турнир во Келн.

Кирил Лазаров против Дејан Манасков ќе имаат интересен двобој бидејќи Нант ќе се соочи со Веспрем. Ова ќе биде средба на која сигурно ќе има што да се види така што никој не може да се прогласи за фаворит.

Таков ќе биде и дуелот Кил против ПСЖ каде што и едниот и другиот состав се со еднакви шанси за пласман во полуфиналето.

Затоа, пак, Барселона и Флензбург влагаат со предност против своите ривали и од нив се очекува пласман на финалниот турнир кој традиционално се игра во Келн.

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

НАНТ – ВЕСПРЕМ

КИЛ – ПСЖ

МЕШКОВ БРЕСТ – БАРСЕЛОНА

АЛБОРГ – ФЛЕНЗБУРГ