Еден живот, една љубов: Комити со посебно благодарам до миленикот Иван Чупиќ (ФОТО)

На денешниот последен тренинг на Вардар пред утрешниот дуел против тимот на Еурофарм Пелистер покрај тоа што беше приредено убаво изненадување за ракометарите од страна на навивачката група „комити“, имаше и мало изненадување за миленикот од Хрватска, Иван Чупиќ.

Тој си заминува на крајот на оваа сезона после пет убави сезони во кои двапати застануваше на тронот со Вардар во Лигата на шампионите.

Самиот многупати изјавуваше дека Вардар му е во срцето и навивачите, но се враќа во својата земја во дресот на ППД Загреб.

Сепак, за сето она што тој го направи за тимот на Вардар и комплетниот придонес денеска беше изненаден од навивачите кои му предадоа знаме со неговиот лик, а на истото се испишани двете години во кои „црвено-црните“ стоеја на тронот.

Големо благодарам за Иван Чупиќ за направеното за Вардар, кој сигурно ќе остане во срцето на навивачите и секогаш кога ќе доаѓа во Скопје ќе биде пречекуван со аплаузи.

Покрај тоа беше доделен и сертификат од страна на навивачката група и за Претседателот на клубот, Михајло Михајловски, како и за тимот на Вардар.

Истите ги прими капитенот на клубот, Стојанче Стоилов.