Дури 12 позитивни тестови на Ковид го одложија финалето

Дуелот меѓу АЕК и ПАОК кој требаше да ја донесе одлуката за шампионот на Грција во машка конкуренција е одложен за најмалку две недели и оваа земја уште нема свој шампион, а причината се дури 12 позитивни случаи на Ковид 19 и тоа во двете екипи.

АЕК пријави седум позитивни од кои пет се меѓу ракометарите, а двајца се во стручниот штаб.

Во ПАОК, пак, има петмина позитивни така што сега ќе мора две недели во карантин што значи дека дури во јули би можело да биде одиграно финалето на шампионатот на Грција.