Дунареа Браила на Штериова и Саздовска без шанси против Валчеа

Екипата на Дунареа Браила, во која настапуваат двете репрезентативки на Македонија, Марија Штериова и Јована Саздовска, го запиша првиот пораз во новата сезона во романскиот шампионат.

Дунареа Браила на гостувањето кај Валчеа, во рамки од третото коло, немаше сили за изненадување и беше поразена со осум гола разлика, 35:27 (16:15).

Ракометарките од Македонија се покажаа во солидно светло против екипата, која што е меѓу главните фаворити за освојување на шампионската титула во Романија.

Јована Саздовска постигна три гола во мрежата на Валчеа, додека Штериова двапати се запиша во листата на стрелците. Два гола постигна и екс ракометарката на Металург, средниот бек Кристина Лишчевиќ.

Тимот на Саздовска и Штериова во следното коло на свој терен ќе ја пречека екипата на Крајова.