Драматичен финиш: Франција можеше да направи од готово-вересија против Унгарија

Французинките беа подобри од репрезентацијата на Унгарија во нивниот прв натпревар на Олимписките игри во Токио со резултат 30:29 во рамките од Б групата.

Репрезентацијата на Франција имаше одличен старт и водство од 4:2 во првите минути од натпреварот. Унгарките преку Ноеми за момент се вратија во игра и изедначија на 4:4, но Франција преку Заади ја контролираше играта на терен и повторно се врати на два гола предност, 6:4, во текот на 10. минута.

Грешките се зголемуваа во репрезентацијата на Унгарија, а на спротивната страна ретко се казнуваа нивните грешки. Иако Франција имаше и три гола предност, Унгарките секогаш наоѓаа начин како да стигнат до израмнување. По дваесетина минути игра, резултатот беше 10:10. Со подобра игра во последните десет минути од првото полувреме, Франција стигна до 15:12 по 30 минути игра.

Франција во вториот дел константно беше во водство и ја одржуваше својата разлика која беше стекната во првиот дел. На дваесетина минути пред крајот на натпреварот, Унгарија имаше негатива од четири разлика, 19:23.

Малку по малку се топеше француската предност, па Унгарија стигна на гол негатива на четириесетина секунди до крајот. Французинките успеаја да ја задржат топката без да шутнат кон голот на ривалот и прославија минимален триумф.

Најефикасна во редовите на француската репрезентација беше Грас Заади со 10 гола. Во Унгарија, Петра Вемос ги предводеше стрелците со шест гола.