Драган Начевски повторно кандидат за прв судија во ЕХФ, има тројца противници

Некогашниот македонски судија, а сега делегат, Драган Начевски, се кандидираше за нов мандат за претседател на Судиската Комисија на ЕХФ.

Тој ја извршува(ше) оваа функција во два мандати, а сега се наоѓа на чекор до третиот. Гласањето ќе биде за време на конгресот на ЕХФ во Виена што ќе се одржува утре и задутре.

Начевски ќе има тројца противкандидати. Станува збор за Чехот Јири Конечни, Французинот Денис Рејбел и Германката Јута Ерман Вулф.

За работата на Начевски во изминатите години се слушаат само пофални зборови, па нема зошто да не веруваме дека ќе го добие и третиот мандат како претседател на Судиската Комисија на ЕХФ.