Дисингер обнови стара болка, повредата не е сериозна

Во првото полувреме на дуелот против Војводина екипата на Вардар остана без Кристијан Дисингер. Ракометарот од Германија имаше незгоден пад по кој поткривнувајќи го напушти теренот.

За повредата на Дисингер зборуваше тренерот Алушовски, но тој нема конкретни информации, околу тежината на повредата бидејќи смета дека е само обновување на болката со оглед на тоа што ударот бил на истото место каде што имал исто таков удар и на тренинзите.

„Дисингер имаше мала повреда претходната недела и не тренираше четири дена. Таа беше на истото место каде што падна и се повреди денеска. На еден тренинг имаше сличен пад, но ќе треба да почекаме извештај од докторскиот тим. Сепак, мислам дека не се работи за нешто опасно туку за обновување на болката. Очекувам да биде добро и да биде во стројот повторно“, коментираше Алушовски

Останува во следните три дена да се види како ќе се одвива ситуацијата со повредата на Дисингер и дали тој ќе биде во комбинација за настап против Нексе в понеделник.

Нов пех за Вардар – се повреди Дисингер! (ФОТО)

Алушовски: Презадоволен сум од одбраната, но нападот…

Мирно, сигурно, заслужено… Вардар ја отвори натпреварувачката 2021 со победа (ФОТО)