Мирно, сигурно, заслужено… Вардар ја отвори натпреварувачката 2021 со победа (ФОТО)

На првиот официјален натпревар во 2021 година ракометарите на Вардар стигнаа до првата победа откако денеска на средба од СЕХА лигата „црвено-црните“ обезбедија триумф од 25:21.

Вардарци отворија далеку подобро од противникот и брзо дојдоа до пет разлика. Поведоа со 6:1 и овие плус пет им овозможија да влезат далеку подобро во натпреварот.

Како одминуваше времето така стануваше јасно дека во првото полувреме противникот нема да може да се наигра односно тешко ќе може да се врати во натпреварот. Постојано предноста се движеше од три до пет гола така што немаше многу простор за да се направи нешто повеќе од гостинскиот состав, па Вардар лесно ја чуваше предноста за на одмор да замине со 15:10.

После само шест минути игра во вториот дел од средбата Вардар имаше и плус шест. поведе со 18:12 и неколку минути ја чуваше оваа предност. Потоа следуваа минути во кои Војводина одигра подобро. Најде игра да одговори на малата криза во Вардар.

Овие минути овозможија Војводина да се доближи на три разлика. Вардар имаше 20:17 во 44. минута и од тој момент почна враќањето на Вардар и враќањето на предноста која најчесто беше актуелна на средбата од пет погодоци.

Како се доближуваше крајот на натпреварот така стануваше јасно дека победата ќе им припадне на ракометарите на Вардар кои ја контролираа предноста во текот на сите 60 минути. Водството не беше загрозено така што беше отворена сезоната со победа.

Инаку, на овој дуел се повреди Кристијан Дисингер кој беше турнат при шут и имаше лош пад по кој поткривнувајќи го напушти теренот. На болки во ногата се покажи и Димитриоски кој имаше лош доскок.

Вардар – Војводина 28-01-2021

Гоце Георгиевски и Тимур Дибиров ги предводеа стрелците со по четири гола, додека Младен Шотиќ со шест гола беше најефикасен на средбата. Ристовски имаше десет одбрани на овој дуел.

Следниот натпревар за Вардар во СЕХА лигата е в понеделник од 20:15 часот против тимот на Нексе во СЦ „Јане Сандански“.

28 јануари 2021
25 - 21
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
28 јануари 2021 19:35 СЕХА ЛИГА Б 2020/2021 28.01.2021 60'

Место

СЦ „Јане Сандански“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ВАРДАР 19611525Победа
ВОЈВОДИНА1021Пораз

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман00
4Томислав Јагуриновскидесен бек10
5Стојанче Стоиловпивот02
8Димитар Димитриоскилево крило03
9Гоце Георгиевскидесно крило04
11Филип Талескилев бек12
11Мартин Карапалевскицентрален бек00
15Кристијан Дисингерлев бек02
18Ловро Јотиќцентрален бек00
21Глеб Каларашпивот23
24Анте Гаџацентрален бек02
31Тимур Дибировлево крило04
41Марко Вујиндесен бек03
44Јосип Векиќдесен бек10
77Робин Кантегрелголман00
97Марко Мишевскилев бек00
 Вкупно 525

ВОЈВОДИНА

# Играч Позиција Исклучување Голови
3Александар Куртешпивот13
5Срѓан Милиќцентрален бек00
6Милан Мирковиќдесен бек03
8Немања Прибакцентрален бек03
10Миљан Вуковљаклев бек00
14Стефан Миљковиќлев бек00
17Дарко Миленковиќдесно крило01
21Лука Арсениќголман00
24Бојан Раѓеновиќлево крило10
25Немања Ратковиќпивот12
29Бранко Томиќцентрален бек02
31Страхиња Станковиќдесно крило00
33Јовица Николиќдесен бек11
71Младен Шотиќлево крило06
77Александар Бабиќлев бек00
97Зоран Андриќголман00
 Вкупно 421
ПозЕкипаНПРЛБ.
1ВОЈВОДИНА00000
2НЕКСЕ00000