Нов пех за Вардар – се повреди Дисингер! (ФОТО)

Германскиот интернационалец Кристијан Дисингер се повреди на дуелот од СЕХА лигата против Војводина и првиот впечаток е дека ќе мора на пауза.

Левиот бек при еден скок шут беше оттурнат од противнички ракометар, падна лошо на кичмата и се чини дека заработи повреда, со оглед на тоа што тешко се движеше додека го напушташе теренот.

Неговата историја на повреди е позната, а доколку го чека долга пауза, тренерот Алушовски ќе биде во проблеми, бидејќи останува само со Талески и Шеваљевиќ на левата бековска позиција.

Тој замина во соблекувалната, нема да се врати на овој дуел да игра, а во следните денови ќе биде познато дали и колку ќе паузира.