Дисингер: Можеби немаме состав да ја освоиме Лигата на шампиони, но….

Иако повеќето од германските ракометари сакаат да играат во Бундес лигата, Кристијан Дисингер е еден од малкуте интернационалци од Германија што играат надвор од границите.

Тој од Фризенхајм, на 20 години замина во швајцарскиот Кадетен Шафхаузен, а потоа потпиша договор и со шпанскиот Атлетико Мадрид, за кој никогаш не заигра бидејќи клубот прогласи банкрот. Три сезони играше за Либек и Кил, пред во 2018 година да дојде во Вардар. Иако беше на прагот да си замине од Скопје, сепак потпиша договор на уште една сезона со „црвено-црниот“ тим.

Дисингер веќе се врати во Германија каде ќе ја помине паузата пред стартот на новата сезона.

„Паузата ми помогна да се вратам во нормала. Сложно е да се мотивираш да тренираш дома. Јас сега се врати во Германија и овде возам велосипед, пливам. Седум месеци немам фатено топка во рака. Дома се врати со кола и патував 18 часа. Немав никакви проблеми на границите, а направив и тест на коронавирус. Седев десетина дена во карантин и се беше во ред. Наскоро повторно се враќам во Скопје“, вели Дисингер за рускиот „Брз Центар“.

Тој одамна кажа дека за да остане во Вардар треба да се случи чудо, но сепак ја продолжи верноста.

„На почетокот на годината никој не знаеше што ќе биде со Вардар. Имаше шпекулации за нов сопственик, но немаше смисла да останувам. Не земавме плати, атмосферата беше лоша. Новиот сопственик Михајловски ми даде ветување, дека се ќе биде одлично и неговите зборови звучат сериозно. Можев да си одам во февруари. Имав неколку понуди, но не сакам да менувам клуб додека сум повреден и не сум подготовен максимално“, продолжува Дисингер.

Германскиот лев бек вели дека Вардар ќе има солиден состав за новата сезона.

„Ќе имаме солиден состав. Михајловски е сериозен бизнисмен и посакува екипата да ја одржи во европскиот врв. Можеби нема да ја освоиме Лигата на шампионите, но потенцијал има во овој состав. Во клубот дојдоа спонзори, има нова структура, а не како порано кога се зависеше од еден човек“, вели Дисингер.

Тој открива дека иако германскиот менталитет е многу различен од балканскиот, немал проблеми со адаптацијата, но и дека не останал во Скопје поради девојката.

„Понекогаш ќе ти кажат дека ќе те бараат во 11 часот, а ќе ти се јават во 13. Други проблеми немам. Јас се адаптирав уште две недели по доаѓањето. Во Скопје се чувствувам комфорно. Најчесто зборувам на англиски. Македонски разбирам доволно, но тешко ми е да зборувам. Мојата девојка е Македонка, со која почнавме да се забавуваме на почетокот на минатата сезона. Бевме подготвени да заминеме, таа немаше проблем со мој трансфер, но ете се случи да потпишам нов договор со Вардар и двајцата да останеме во Македонија “, продолжува Дисингер.

Германецот вели дека е среќен во македонскиот и европски шампион и не жали по Бундес лигата.

„Бундес лигата е моќно натпреварување. Но јас сум среќен во Вардар и немам за што да се жалам“, заврши Дисингер.