Дибирова: Јас ја преземам грижата за децата и домот, Тимур може да мисли само на ракомет

Трикратната светска шампионка Ирина Дибирова Полтороцкаја, која е сопруга на Тимур Дибиров својата кариера ја заврши пред десетина години. Се чинеше дека прерано прекина со играњето, но таа верува дека постапила правилно.

Во интервју за рускиот „Брз центар“, Дибирова говореше за поддршката на Тимур, разговорите околку ракометот и играта и нејзиниот тренерски ангажман во ЖРК Вардар.

„Јас сум жена која ги знае сите моменти во животот низ кои поминува еден спортист на ова ниво. Имам поминато низ сето ова како играч и разбирам кога му треба одмор на Тимур и тогаш е подобро да се тргнеме со децата на страна. Во другите семејства веројатно е потешко да се организираат работните задачи, кај нас се знае. Јас го преземам целиот товар за децата и домаќинството, па Тимур може да мисли на ракомет и биде поопуштен со семејството“, рече Дибирова.

Тимур во периодот откако пристигна во Вардар доживеа голема промена во неговата игра, а неговиот напредок е видлив и на индивидуален и на екипен план.

„Тој стана многу повеќе тимски играч, во минатото тој имаше недостатоци во играта но сега не си го дозволува тоа. Сега му е најважен тимскиот резултат. Ретко се случува да му давам некој совет за играта. Понекогаш тој започнува разговор на таа тема, споредлуваме мислења и нешто ќе ме послуша. Но тоа не се совети, туку моето споделено искуство од периодот додека играв во Данска“, продолжи Русинката.

Ирина еден период ја предводеше женската екипа на Вардар и успеа да ја однесе на завршниот турнир. Но нејзината улога на главен тренер на тимот траеше кратко.

„Во првата сезона влеговме заедно со Аце Станковски, тој е одличен мотиватор и направи добра работа со тимот во сегментите кои му беа доделени. Но брзо почувствував дека не можам одговорам на предизивикот, немав време да ги изгледам видеата на противничките екипи и не се подготвував доволно за натпреварите. Имав многу обврски со моите мали деца, отидов кај Самсоненко и побарав помош. Дојде Парондо и работевме како тандем. Изгубените финалиња на Вардар не ги гледам како неуспех, мора некој да загуби. Сега како тренер полесно го прифатив тоа отколку кога бев играч“, продолжи Ирина.

На последното учество на ЖРК Вардар на завршниот турнир од Лигата на шампионите девојките знаеја дека ќе си заминат и имаа посебно голема желба да стигнат до трофејот, но сепак не успеаја.

„Одлуката ја имавме во јануари и знаевме каква е ситуацијата. Како што се доблишуваше завршниот турнир така и екипата сè повеќе сакаше да победи и да испише победничка историја на клубот. Се сеќавам на нашата последна средба на крајот на сезоната, девојките се собраа пред да заминат во други клубови, генерално сите беа тажни. Сè уште сум во контакт со девојките“, рече Дибирова.