ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Охрид и Еурофарм Пелистер во битка за второ место

Натпреварот од 9 коло во суперлигашкиот плеј-оф меѓу Охрид и Еурофарм Пелистер што може да реши која екипа ќе го освои второто место на крајот на сезоната, ќе се игра денеска од 19:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ пред европските двобои на „гладијаторите“ со унгарската Татабања во финалето на ЕХФ Европскиот Куп.

На табелата, Oхрид е втор и има 50 бодови, додека Еурофарм Пелистер е во моментов на третото место со 48 бодови.

Во меѓусебните дуели оваа сезона Охрид има две победи со гол-разлика плус три, додека битолчани имаат една победа со шест гола разлика.

Охрид со победа или реми ќе биде сигурно втор, додека пелистерци мора да слават, но потоа и да го победат „сино-белиот“ тим од Автокоманда во последното коло.

Во последното 10 коло од плеј-офот, Охрид ќе игра со Тиквеш во Кавадарци, додека пелистерци ќе го пречекаат тимот од Автокоманда.

На европските терени, свои настапи ќе имаат Филип Талески со Татабања во унгарскиот шампионат, како и Ангела Јанкуловска со нејзинат Славија Прага во Чешка.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

19:00 ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (СУПЕР МАШКА ЛИГА)
18:15 ТАТАБАЊА – БУДАИ (УНГАРИЈА)
19:30 СЛАВИЈА ПРАГА – ХАЗЕНА КИНЖВАРТ (ЧЕШКА)