ПСЖ ги бара во пакет крилата на Келце

Француските репрезентативци Дилан Наи и Беноа Конку би можеле да се вратат таму од каде што дојдоа во полскиот Келце.

Според „RTHandball“, левото и десното крило на полскиот гигант се на мета на францускиот шампион ПСЖ.

Наи и Конку имаат потпишано договори до 2028 со Келце, но ПСЖ ќе се обиде да ги донесе наредното лето во 2027 година.

Тогаш во францускиот првак треба да има промена на клупата и на местото на Стефан Мадсен да дојде Роберто Гарсија Парондо.