Денеска беше спуштена завесата во прволигашката конкуренција за оваа сезона, a со освојувањето на првото место директен пласман во Супер лигата обезбедија „витамините“ од Автокоманда.
Второпласираната екипа на Младост Богданци ќе игра бараж за елитната конкуренција против претпоследната екипа во суперлигашкиот плеј-аут.
Тоа е екипата на Струга, која не успеа да обезбеди директен опстанок и исто како и лани, така и сега ќе мора да игра бараж.
Според распоредот кој е претходно утврден, бараж натпреварот ќе се игра на неутрален терен на 6 или 7 јуни.
Младост Богданци веќе ги заврши натпреварите и ќе има три недели за подготовка, додека Струга ја чекаат уште две средби од плеј-аутот против Радовиш на гости и Еурофарм Пелистер 2 на домашен терен.

























