Дејвис: Среќен сум по она што го видов против Вардар

Ракометарите на Вардар со уште еден пораз ја завршија сезоната во Лигата на шампионите откако и денеска загубија од Веспрем, овој пат со резултат од 30:39.

Стратегот на Веспрем, Давид Дејвис, е среќен по двете убедливи победи над двократниот европски шампион.

„Среќни сме што ќе играме во четвртфиналето, тоа беше нашата цел. Морам да бидам среќен од она што го видов и од играта во текот на целиот натпревар. Игравме според планот и имам само пофални зборови за сите играчи. Му посакувам среќа на Вардар во продолжението од сезоната, а јас се надевам дека на следните дуели ќе има публика на трибините“, изјави Дејвис.

Следен предзвик за Веспрем и Дејвис ќе бидат наптреварите од завршниот турнир во Купот на Унгарија.