Деспина го искористи искуството како адут против Алушовски

Ракометарките на Деспина ја потврдија улогата на фаворитки на дуелот против Алушовски и се изборија за триумф од 33:23 во меч од 5. коло.

Неизвесноста на овој дуел траеше неколку минути. Домашните беа во постојана предност од еден гол, но гостинките израмнуваа. Така беше до 5:5 кога Деспина ја имаше првата мала серија за одвојување на три разлика. Потоа постепено разликата се зголемуваше за на полувреме да се дојде до 18:10.

Во второто полувреме позитивата отиде и до 13 гола разлика кога домашните водеа со 28:15. Сепак, после ова се опуштија и им дозволија на гостинките да намалат и да дојдат и до разликата од полувремето при 30:22.

Меѓутоа до крајот на натпреварот одново беше обезбедено водство од десет разлика за конечни 33:23 со што домашните само потврдија дека во моментов имаат поквалитетен, но и поискусен состав.

ДЕСПИНА – АЛУШОВСКИ           33:23 (18:10)

Сала: „Р. Р. Ричко“ во Прилеп. Гледачи: 150. Судии: Александар Груевски и Ѓорѓи Чалдаров од Битола. Делегат: Илија Цветкоски од Прилеп.

ДЕСПИНА: Димитриеска, Богеска, Боризоска 2, Гулеска 2, Е. Рипилоска 2, Цанеска 1, Ристеска, Камческа 7, Крстевска, Цветкоска 3, Спиркоска 2, Јовеска 3, Седлоска 5, Филипоска 4, Л. Рипилоска 2.

Седмерци: 1/3, Исклучувања: 4 мин.

АЛУШОВСКИ: Стојковска, Тодоров, Божиновска 1, Милошоска, Велигденова 1, Ангелковска, Петковска, Ангеловска 1, Георгиевска 6, Мемов 1, Николовска 4, Мисовска 5, Алушовска 3, Трајановска 1, Ристовска, Младеновска.

Седмерци: 6/8, Исклучувања: 4 мин.