Дембеле ќе му каже збогум на ракометот

Поранешната ракометарка на Вардар и екс репрезентативка на Франција, Сираба Дембеле по завршувањето на натпреварувачката сезона, 2022/23, ќе стави крај на својата играчка кариера.

Иако селекторот на репрезентацијата на Франција, Оливие Крумболц се надеваше дека искусната ракометарка ќе се врати во француската репрезентација за настап на Олимписките игри во 2024, сепак, Дембеле најави целосно пензионирање.

„Точно е дека по крајот на оваа сезона ќе ја завршувам својата ракометна кариера. Одлуката да ставам крај во ракометот беше многу лесна”, изјави Дембеле за француски Л’Екип.

Дембеле во својата кариера настапуваше и за екипите на Тулон, Ростон Дон, Рандерс и Париз, а „црвено-црниот“ дрес го носеше три сезони, 2013/14, 2014/15 и 2015/16. Беше член на репрезентацијата на Франција од 2006 до 2021 година.