Две Македонки ќе се борат за европски трофеј!

Двете репрезентативки на Македонија во екипата на Коњалти, Моника Јанеска и Ивана Гакидова заедно со клубот од Турција обезбедија финале во Европскиот Куп.

Коњалти за ривал во полуфиналето ја имаше екипата на Михаловце, во која настапува македонската репрезентативка Александра Коловска.

Коњалти на првиот двобој со словачкиот шампион обезбеди победи од седум гола разлика, 31:24, додека на реваншот, кој беше одигран во Михаловце, загуби со 33:27.

Тимот на Јанеска и Гакидова поради победата од првиот дуел, односно разликата од седум гола, обезбеди историски пласман во дебитанската сезона на европска сцена и само за еден гол повеќе ќе се бори за трофејот во третото по квалитет европско натпреварување.

Вториот патник во финалето и ривал на Коњалти е Атлетико Гуардес, откако ги доби двата дуели против Елче, триумфираше со 23:22 и 22:18.