Двајца Полјаци ја завршуваат репрезентативната кариера

По слабиот пласман на Мундијалот, на кој Полска беше еден од домаќините, двајца репрезентативци најавија крај на кариерата во националниот тим.

Левото крило Пжемислав Крајевски, по 162 меча и 380 постигнати голови за Полска, реши да им отстапи своето место на помладите, а тоа значи дека вардарецот Јан Чувара ќе добие поголема шанса во репрезентацијата.

Крајевски во моментов е член на Висла Плоцк, а претходно настапуваше и за Азоти Пулави.

Левиот бек и одличен дефанзивец Томаш Гебала, исто така по СП најави простување од дресот со националниот грб и ќе се концентрира само на настапите за Келце.

Полска го освои 15 место на Мундијалот, па следуваше промена на селекторот Патрик Ромбел, кој ќе го замени Бартош Јурецки.