Данска ќе ја брани титулата в сабота, со убедлива игра до голема победа против Шпанија

Актуелниот олимписки првак, Данска стигна до победа од 27:23 против европскиот шампион Шпанија и дојде до ново финале така што в сабота ќе ја брани титулата против Франција. Во натпревар со убедлива игра од првата до последната минута составот на Данска без никаков проблем стигна до триумф така што уште еднаш се виде дека во моментов Данците играат можеби и најубав ракомет.

Од почетокот на средбата актуелниот олимписки и светски првак имаше игра со која го контролираше резултат. Постојано успеваше да има предност од 2-3 погодоци, а највисоката предност беше четири гола. Пред заминувањето на одмор Данска имаше неколкупати предност од плус четири, за и на одмор да замине со таква позитива, 14:10.

Во овие први 30 минути можеше да се види доминација на Данците кои играа многу потечно и беа порешителни во нападот. Шпанците имаа тешка игра во која не можеа најдобро да се снајдат бидејќи и Ландин им задаваше дополнителни грижи.

Колку што беше интересно првото полувреме, второто донесе можеби двојно поголема тензија. Повеќе од четири разлика не беше во ниту еден момент. Шпанците се трудеа да се вратат во игра за победа, но откако дојдоа до 17:19 имаат неколку обиди во кои не можеа да одработат по план и да намалат на еден гол.

Тоа дојде предоцна. Стигнаа со 21:22, но не успеаја да направат повеќе. Николај Јакобсен играше без голман иако немаше потреба во моменти кога водеше со 2-3 разлика, па им даде шанса на Шпанците. Сепак, не ја искористија бидејќи Ландин секогаш се враќаше брзо на голот и успеа да одбрани неколку тешки удари.

Иако имаше шанси и во продолжение, сепак, не беа искористени, а Данска знаеше да ја зачува предноста и да заврши со највисоките плус четири, 27:23.

Микел Хансен уште еднаш беше одличен предводник на Данска и постигна дури 12 гола, додека петпати прецизен беше Гидсел. Во Шпанија по пет гола имаа Душебаев и Фигерас.