Дамите ги дознаа противниците на Медитерански игри во Оран

Синоќа доцна навечер по македонско време беа извршени ждрепките на групите за Медитеранските игри.

Женската репрезентација на Македонија се најде во групата Б, заедно со соседот Србија, Португалија и Турција.

Во групата А ќе бидат домаќинот Алжир, како и селекциите на Шпанија, Тунис и Хрватска.

Медитеранските игри започнуваат на 26 јуни, а избраничките на селекторот Љубомир Савевски ќе ги започнат подготовките на 13 јуни.