Гулден ем играше ракомет на Мундијалот, ем го доеше петмесечниот син

Легендарниот руски тренер Евгениј Трефилов кој беше и долгогодишен селектор на репрезентацијата, во овој момент не работи во ниту еден клуб откако поради проблеми со здравјето се раздели со Кубан Краснодар.

Како функционер во Руската ракометна федерација тој е во Јапонија на Светското првнство за жени, а во интервју за ТВ6 ги критикуваше репрезентативките на Шведска. Изабел Гулден и Лина Блум на првенството дојдоа со своите мали дечиња, што на Трефилов не му се допадна.

„До одредена возраст децата треба да останат дома. Климатскте промени, животната средина и промената на храната се многу штетни за малите деца“, рече Трефилов. 

Синот на Изабел Гулден има пет месеци, а бебето на Лина Блум е една година и осум месеци. Гулден имаше одговор на овие забелешки на Трефилов.

„Тој може да мисли што сака, ако го оставев мојот син дома исто така ќе имаше критики кон мене. За мене најдоброто нешто е да бидам со моето дете. И мислам дека мајчиното млеко има ист вкус и дома и тука“, рече Изабел Гулден.

Шведска го освои седмото место на Светското првенство, а во натпреварот со Германија за пласман Гулден и Блум беа најефикасни во својот тим.

Фото: tv2.no