Гроздановска најефикасна, но Винтертур загуби во дербито против Нотвил

Ракометарката од Македонија, Симона Гроздановска, која во последните две сезони беше најдобар стрелец во швајцарскиот шампионат, продолжи да игра во ист ритам и во новата натпреварувачка сезона.

Гроздановска заедно со Винтертур беа поразени во дерби дуелот од Нотвил со пет гола разлика, 40:35. Иако Винтертур на полувреме имаше минимална предност од 18:17, сепак, во вториот дел, домашниот тим успеа да се врати во игра и да ги освои бодовите.

Македонката одигра одличен натпревар постигнувајќи 8 гола од 11 обиди, со што беше најдобар стрелец во својот тим.

Екипата на Винтертур во третото коло ќе се соочи со Амичитија Цирих, која во второто коло забележа триумф против Зуг.