Го напушти теренот во инвалидска количка, но го планираат за четврт-финале (ФОТО)

Репрезентативецот на Данска, Ласе Андерсон доживеа тешка повреда на новата на средбата против Бахреин (победи Данска со 31:21) откако премногу лошо го превитка зглобот, па мораше во инвалидска количка да го напушт теренот за да му биде укажана помош.

Првите наоди покажаа дека има истегнати лигаменти на зглобот и дека ќе мора да одмори. Сепак, правилата на Олимписките игри не дозволуваат многу промени во тимот и доколку биде заменет сега, Андерсен не би можел да се врати во тимот подоцна. Оттаму Јакобсен е во грижи, но планира да чека за да види дали ќе може да го има за во четврт-финалето со оглед на тоа што се работи за важен

„Го свитка зглобот, но немаше чувство дека е многу сеиозно. Сепак, да почекаме да видиме како ќе изгледа за неколку дена“, вели селекторот Јакобсен.

Сепак, веднаш после превиткувањето не можеше да го напушти теренот на ное, па мораше со инвалидска количка да биде изнесен од салата за да му биде укажана помош. И покрај тоа селекторот е оптимист дека ќе го има за клучните средби.

Инаку, Данска после три кола има три победи, а и останаа уште дуелите против Португалија и Шведска до крајот на групната фаза. Ова значи дека четврт-финалето е веќе обезбедено и прашање е само кој ќе биде противникот во него.