Големо засилување за Нексе – потпиша Ален Блажевиќ

Поранешниот хрватски репрезентативец Ален Блажевиќ, по една година во романската Констанца реши да ја промени средината.

Дефанзивецот, кој најдобрите денови ги имаше во унгарскиот ПИК Сегед, имаше активен договор со романскиот клуб, но реши да ја прекине соработката.

34-годишниот ракометар претходно беше член на словенечките Горење Велење и Копер, како и шпанската Гвадалахара.

Во Нексе ќе му биде од голема корист на новиот тренер Бранко Тамше во борбите во регионалната СЕХА лига и во Лигата на Европа.