Големото дерби за Начевски и Николов – ќе им судат на Карабатиќ, Гигу, Вулф, Генсхајмер…

Најдобрата судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов на третиот ден од машкиот турнир ќе ја има третата задача на Олимписките игри во Токио.

По одлично отсудените средби Португалија – Египет и Шпанија – Норвешка, тие се делегирани да делат правда на големото дерби меѓу Франција и Германија.

Овој натпревар се игра утре со почеток во 14:30 часот во „Јојоги Арена“ во Токио и се очекуваат големи возбудувања.

Делегатот Драган Начевски ќе биде меѓу официјалните лица на натпреварите меѓу Шведска – Португалија и Шпанија – Бразил.