Гледајте ВО ЖИВО: Чаир – Истогу (ЛИНК)

Екипата на Чаир денес го игра реванш натпреварот против шампионот на Косово, Истогу, во рамки од второто коло од Европскиот Куп.

Избраничките на Басри Љатифи на првиот дуел, кој беше одигран вчера, беа минимално поразени со 34:33.

Доколку Чаир успее да ја надомести негативата од еден гол и триумфира со два гола разлика, тогаш македонскиот тим ќе обезбеди пласман во следната фаза во третото по ранг европско натпреварување.

Чаир на денешниот натпревар ќе биде формално домаќин. Дуелот меѓу Чаир и Истогу ќе се одигра со почеток од 17:00 часот, а може да го гледате ТУКА.