Гледајте ВО ЖИВО: Мотор Запорожје – Еурофарм Пелистер (ЛИНКОВИ)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ги очекува четвртиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа.

Битолчани гостуваат во Диселдорф кај украинскиот првак Мотор Запорожје, кој досега забележа три порази во второто по ранг европско натпреварување.

Избраниците на Ларс Валтер на свое конто имаат една победа, против Агуаш Санташ и два порази, од Архус и Фуксе Берлин.

Дуелот меѓу Мотор Запорожје и Еурофарм Пелистер ќе се одигра со почеток од 18:45 часот.

Ќе има пренос на Арена Спорт 1 (Хрватска), Арена Спорт 2 (Србија) и на ЕХФ ТВ. Може да го гледате ТУКА и ТУКА (вториот линк работи само ако гледате надвор од Македонија со претходна регистрација).