Гледајте ВО ЖИВО: Еурофарм Пелистер – Мотор Запорожје (ЛИНК)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес против Мотор Запорожје сами ќе си ја одлучуваат судбината за во Лига на Европа.

Пелистерци мора да победат на денешниот дуел, или пак да одиграат нерешено за да обезбедат пласман во осминафиналето.

Еурофарм Пелистер доколку изгуби од украинскиот шампион, тогаш предвреме ќе ја заврши авантурата во Европа.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Мотор Запорожје ќе се одигра со почеток од 20:45 часот.

Пренос од дуелот ќе има на Арена Спорт (Србија 1 и Хрватска 5) и на ЕХФ ТВ. Може да го гледате ТУКА (има повеќе линкови на избор) или ТУКА.

*линкот на ЕХФ ТВ работи само ако го следите натпреварот од странство, а претходно ќе ви треба регистрација во неколку чекори.

Судии на овој натпревар ќе бидат Александар Јовиќ и Недим Арнаутовиќ од БиХ, додека делегат од Европската ракометна федерација (ЕХФ) ќе биде Емил Бешлија од Црна Гора.