Германија ќе го руши рекордот на најпосетен ракометен натпревар на ЕП 2024

Ракометната федерација на Германија на отварањето на Европското првенство во 2024 година на кое се домаќини ќе се обиде да го сруши рекордот на најпосетен натпревар. Германците сакаат да организираат натпревар на фудбалски стадион што во последно време станува се поголема практика. Отварањето на првенството би требало да биде на „Меркур шпил арената“ во Дизелдорф.

Повеќе од 50.000 гледачи би можеле да присуствуваат на овој меч на кој би можело да биде поставен нов рекорд на најпосетен меч. Засега рекордот го држи дуелот помеѓу бундеслигашите Рајн Некар и Хамбург во 2014 година кој го гледаа 44.189 гледачи кој се играше на денот на ракометот.

„Обидот да поставиме рекорд на првиот натпревар од ЕУРО 2024 е возбудлив проект со кој не би можеле да се справат многу арени во Европа. Нашиот покрив на затварање и загревањето на прострот се две работи кои не издвојуваат од останатите арени“, рече Маркус Грил директор на агенцијата за настани на федерацијата.

Дизелдорф исто така аплицираше до федерацијата да биде еден од градовите домаќини за другите натпревари од првенсството со Арената која има капацитет од 12.000 места. Конечната одлука дали отварањето на ЕУРО 2024 ќе биде на стадион ќе биде донесена во мај кога ќе бидат познати сите градови каде што ќе се игра првенството.