Вчера освоија титула, од денеска нема да постојат!

Екипата на Вест Виен ја освои шампионската титула во Австрија, откако ја доби финалната серија против Линц со 2-0, но првото место не значеше среќен крај за клубот од австриската престолнина.

Новиот шампион на Австрија од економски причини престанува да постои професионално. Сениорскиот тим во целост се распушта, а во функција ќе останат само дел од младинските школи.

Вест Виен во својата клупска историја шест пати го освојуваше домашниот шампионат. Во 90-те години ги освои речиси сите титули, вкупно пет, и успеа по три децении повторно да се искачи на тронот.

Дресот на овој клуб го носеле неколку познати имиња како Јанко Божовиќ, Виго Кристијансон, Гудмундор Хелгасон, Никола Мариновиќ…