Вујо пристигна во Скопје, потпишува за Вардар? (ФОТО)

Македонскиот тим Вардар за следната сезона освен промени во играчкиот кадар ќе има промени и во стручниот штаб.

Сегашниот тренер на екипата, Стевче Алушевски нема да биде предводник на вардарци во новата сезона. Поради тоа, раководството на клубот во претходниот период го бараше неговиот наследник.

Нов тренер на поранешниот европски шампион би требало да биде Веселин Вујовиќ. Веќе со месеци се шпекулираше дека поранешниот селектор на Словенија е близу договор со Вардар.

Екипата на Вардар ги консолидираше своите редови за следната сезона и очекувањата се подобар пласман на меѓународна сцена.

Вујовиќ денес пристигна во Скопје и ќе биде еден од следачите на вечното дерби помеѓу Вардар и Металург. За него, Скопје не е непозната станица. Во неговата тренерска кариера беше предводник на Вардар од 2006 до 2009 и од 2011 до 2013 година.