Во ПСЖ мислат на иднината, доаѓа големо засилување на голманската позиција

Пред извесно време Фленсбург најави дека по крајот на сезоната ќе се раздели со норвешкиот голман Торбјорн Бергеруд. Тоа веднаш предизвика заинтересираност кај најдобрите екипи, пред се од ПСЖ.

Бергеруд од сезоната 2022/23 би требло да ја засили екипата на ПСЖ. После таа сезона истекува договорот на сегашниот голман број еден на екипата Венсан Жерар, а Норвежанецот би требало да биде негова замена и голман број еден во француската екипа.

Голманскиот пар во Фленсбург после заминувањето на Бергеруд би го сочинувале Бенјамин Буриќ и Кевин Мелер кој ќе се прикучи на тимот од Барселона. Голманот на Норвешка засега нема ангажман за наредната сезона, но според неговиот квалитет сигурно нема да има проблем да најде клуб за сезоната 2021/22.

25-годишниот голман имаше многу добри изданија во репрезентацијата на Норвешка што му овозможи пробив на ракометната сцена. На последните неколку европски и светски првенства секогаш Бергеруд е еден од најдобрите играчи на својата репрезентација.