Во Металопластика едногласни, Вардар е фаворит, утре ќе играат за убав крај на сезоната

Екипата на Металопластика загуби од Вардар на првата средба од осминафиналето со 31:39, а утре треба да биде завршена задачата во која тимот на „црвено-црните“ е фаворит. Составот од Шабац тешко ќе може и утре да парира, па затоа веќе е завршена задачата на овој дуел.

„Честитки на Вардар за победата. Ние добро го отворивме натпреварот. Се држевме до пред крајот на првото полувреме. Вардар го искористи ова. Имавме лош почеток на второто полувреме, па Вардар се одвои на осум гола разлика и не можевме да стигнеме. Се подготвуваме да дадеме сè од себе утре за да ја приведеме сезоната кон крајот“, рече после средбата тренерот на Металопластика, Миодраг Кажиќ.

Сличен е и коментарот на најефикасниот играч на Металопластика, Лука Иванчиќ.

„Му честитам на Вардар за денешната победа. Добро го отворивме натпреварот и во 20-21 минута имавме пад. Дојдовме со ослабена екипа, со млади момци кои се желни за докажување. Покажавме дека имаме играчи од кои може да се очекува многу во следната сезона. Утре не чека одново тешка средба, но ќе се обидеме да парираме можеби и подобро отколку денеска“, изјави после натпреварот Иванчиќ, кој денеска постигна девет гола.

Утре од 16 часот, ракометарите на Металопластика ќе имаат уште една шанса за да одиграат убав натпревар.

Алушовски: Очекувана лесна победа, без тензија и многу напор

Јотиќ: Одработивме одличен натпревар, отворивме шанса за утре за помладите

Вардар го реши осминафиналето против Металопластика, утрешниот реванш е само формалност