Петковска и Гакидова со Калиш го освоија домашниот турнир

Тимот на Калиш, каде што играат две македонски репрезентативки, Драгана Петковска и Ивана Гакидова, освоија трофеј на домашниот турнир.

Калиш запиша две победи и заслужено го освои првото место. Во првата средба славеше против Познањ со 36-29.

Во вториот натпревар, Калиш исто така немаше проблеми и успеа да го совлада украинскиот тим Рог со 33-28.

Ова е одлично загревање за претстојната сезона во полскиот шампионат кој стартува на 5 септември со меч против Кобержице.