Вардар го реши осминафиналето против Металопластика, утрешниот реванш е само формалност

Ракометарите на Вардар немаа проблеми на првиот дуел против Металопластика и формално како гости, играјќи на свој терен го совладаа противникот со 39:31 овој триумф и разлика се повеќе од доволни за да може утрешниот реванш да се очекува сосема мирно.

Од почетокот на натпреварот беше интересно бидејќи Металопластика наметна подобра игра. Набрзина успеа да стигне до 6:2 и овие четири гола даваа сигурност дека ќе може да се дојде до одличен резултат. Одеше лошо за Вардар, но како да беше потребно време за да се влезе во ритам.

Четирите гола предност стоеја до 8:4, а потоа со 5:0 вардарци го презедоа водството. Металопластика израмни во следниот напад, а потоа ракометарите на Вардар почнаа да играат подобро и постојано да ја зголемуваат предноста. После 13:13 дојде до кревање на нивото и до крајот на полувремето се стигна до 19:14, а со овој резултат се замина и на одмор.

Второто полувреме беше далеку помирно. Екипата на Вардар имаше целосна контрола. Постојано беше во предност и имаше водство од шест или седум гола. Се работеше одлично така што играчите на Металопластика не успеаја да намалат. Имаа проблеми со следењето на темпото така што требаше само формално да се доработи задачата.

На крајот беше 39:31 и овој резултат дефинитивно го води Вардар понатаму. Утре од 16 часот исто така во СЦ „Јане Сандански“ се игра реваншот и Вардар треба само да го потврди пласманот во четврт-финалето.

Прв стрелец на средбата беше Јотиќ со десет гола, додека Дибиров имаше седум гола. Во редовите на Металопластика Иваниќ имаше девет погодоци.