Јотиќ: Одработивме одличен натпревар, отворивме шанса за утре за помладите

Екипата на Вардар има предност од 39:31 после првиот дуел против Металопластика. Овој резултат би требало да биде сосема доволен за да може составот на „црвено-црните“ утре само да ја доврши задачата на падот кон четврт-финалето.

Остануваат уште 60 минути до двобојот против Загреб пред стартот на следната сезона.

„На крајот убедлива победа. Примивме повечќе голови од што планиравме, но ќе биде доволно за вториот натпревар. Мислам дека утре шанса ќе добијат помладите кои не играа толку сезонава. Утре нормално очекувам да победиме и да ја завршиме сезонава како треба. И честитам на Металопластика за фер борбата. Овој резултат задоволува за вториот дуел и ќе биде доволно за да се помине во следната фаза“, коментираше после средбата играчот на Вардар, Ловро Јотиќ.

Тој денеска беше стрелец на десет гола со кои беше најефикасниот играч на вардарци, но утре се очекува да играат и другите што се со помала минутажа. Сепак, се чека и нова победа.