Алушовски: Очекувана лесна победа, без тензија и многу напор

После победата над Металопластика, тренерот на Вардар, Стевче Алушовски е задоволен од направеното бидејќи беше обезбедена висока победа доволна да може на реваншот да се одигра мирно.

Победата од 39:31 ќе биде сосема доволна тимот на Вардар да дојде до пласман во четврт-финалето во СЕХА лигата.

„Како што очекувавме лесен натпревар за нас, на некој начин полесен тренинг. Игравме со најдобрите со цел утре да биде можност да добијат шанса и други играчи. Крај на сезона е и е тешко за оние играчи кои го понесоа товарот во текот на оваа сезона. Честитки за играчите за сè што направија денеска. Убедлива победа без тензија и напор. Се надевам на уште еден убедлив натпревар и лесна победа и утре на реваншот“, рече Алушовски после првиот меч против Металопластика.

Реваншот се игра утре со почеток во 16 часот во СЦ „Јане Сандански“, но тој ќе биде само формалност.

Вардар го реши осминафиналето против Металопластика, утрешниот реванш е само формалност