Фуксе Берлин го „украде“ пикерот од Келце – Монар потпиша до 2030!

Францускиот репрезентативец Тео Монар од сезоната 2027/28 ќе го носи дресот на германскиот гигант Фуксе Берлин. 25-годишниот кружен напаѓач во германската престолнина пристигнува од полскиот шампион Келце, а со новиот клуб потпиша договор до 2030 година.

Монар во Киелце пристигна во 2024 година од Нант, а за две сезони остави одличен впечаток. Минатата сезона беше еден од важните играчи во составот и постигна 96 гола, помагајќи му на тимот да ја освои шампионската титула во Полска.

Французинот е роден на Мартиник и својата кариера ја започна во младинската школа на Нант. Во 2020/21 беше прогласен за најдобар млад играч во француската лига, а со Нант освои два трофеи во Купот на Франција.

„Бундес лигата е една од најдобрите, ако не и најдобрата лига во светот. Кога се појави можноста, морав да ја искористам. Проектот на Фуксе Берлин целосно ме убеди. Тимот е одличен“, изјави Монар.

За репрезентацијата на Франција настапува од 2021 година, а во Фуксе Берлин ќе му се приклучи и неговиот сонародник Дика Мем.