Во Данска сите ракометар(к)и ќе се тестираат еднаш неделно на коронавирус!

Федерарцијата на Данска го подготви протоколот за одигрување натпревари за време на пандемијата според кој ќе се играат ракометните првенства во земјата.

Оваа сезона ќе биде поразлична од претходните каде што тестирањето на корона ќе биде редовно, значително помалку гледачи ќе има на трибините и мерките на претпазливост ќе бидат на високо ниво.

Сите ракометари кои се натпреваруваат во лигите во Данска ќе бидат тестирани еднаш неделно на коронавирус. Ваквиот план ќе се спроведува најмалку до зимската пауза, а сè со цел да се спречи ширењето на вирусот помеѓу ракометарите и да се спречи изолација на цели тимови.

Исто така според протоколот на натрпеварите не смее да има гостински навивачи. Клубот кој гостува може да носи најмногу 30 лица вклучувајќи ракометари, членови на стучен штаб и сите лица што се поврзани со клубот.

Во салите ќе биде дозволено да има најмногу 500 гледачи, а според протоколите во Данска салите со помал капацитет ќе можат да примат помалку гледачи од максимално предвиденото.