Висла Плоцк го тресна Келце и го освои трофејот во Купот на Полска!

Тимот на Висла доби барем една награда за одличната сезона на сите фронтови каде што настапуваше.

Избраниците на Хавиер Сабате го совладаа шампионот Келце со 30-25 во финалето на Купот на Полска и го освои трофејот.

На полувреме Висла Плоцк, која беше четвртфиналист во Лигата на шампионите оваа сезона, водеше со 13-11.

Најдобри стрелци беа Русите Косоротов со девет и Житников со пет погодоци, додека кај Келце, Морито имаше седум, а Карачиќ пет гола.