Се уште се игра ракомет, а знаете ли каде?

Не се сите шампионати во Европа завршени. Со оглед на тоа што Косово нема право на тимови во ЛШ, не мораше да ја почитува препораката на ЕХФ, сите шампионати да бидат завршени до крајот на мај, па тамошната федерација реши да се игра.

Во текот на вчерашниот ден се одиграа првите полуфинални натпревари од плеј-офот за титулата во машка и женска конкуренција.

Кај мажите, Беса славеше над Кастриоти со 41-28 и е многу блиску до финале, со оглед на тоа што се игра двомеч. Во вториот дуел имаше изненадување откако Трепча славеше на гости кај Приштина со 23-31.

Кај дамите, Истогу беше убедлив на гости кај Приштина и победи со 12-43, додека Феризај, за кој поранешната младинска репрезентативка на Македонија, Мери Конески даде седум голови, загуби дома од Вуштри со 24-27.

Реванш дуелите во двете конкуренции ќе се играат в среда, а тогаш ќе бидат познати и финалните двојки.