Ветераните со уште една шанса: Барса им дава година плус на Томас и Ентрериос

Ветераните воредовите на Барселона, капитенот Виктор Томас и Раул Ентрриос ќе добијат нови договори и ќе продолжат со настапите за тимот до 30 јуни во 2021 година. Поради коронавирусот тиe немаа можност со настап на Ф4 турнир да ја завршат кариерата иако таков им беше првичниот план.

Томас објави пензионирање уште на 3 февруари поради срцеви проблеми. Сепак, поради коронавирусот тој добива шанса за уште една сезона и нови обиди да го крене пехарот од Лигата на шампионите за крај на кариерата.

Ентрериос веќе има 39 години и е на залез на кариерата. Сепак, и тој би сакал да се прости со настап на Ф4 турнир што значи дека ќе има шанса за да игра повторно за титулата во Лигата на шампионите.

Покрај тоа ова го остава Ентрериос со шанса да се збогува и со репрезентацијата на Олимписките игри во Токио во летото во 2021 година.

Инаку, нов договор ќе има и за Седрик Сорендо, кој би требало уште три години да остане во Барселона.