„Веспрем мора да поправи многу работи во играта“

Тимот на Веспрем направи чекор напред кон завршниот турнир во регионалната СЕХА лига, откако славеше над Нексе Нашице со 33-35.

Новиот тренер Момир Илиќ дебитираше на официјален натпревар со триумф, но неговите избраници никого не импресионираа со играта.

„Ова ни беше трет натпревар откако се собравме, а прв официјален. Немавме време да одиграме повеќе пријателски натпревари. Мораме полека, одиме чекор по чекор, тоа е важно. Имаше добри делови во овој натпревар, пред крајот на првиот дел и на вториот дел. Имавме добри сегменти, а во овие полошите делови јасно видов на што треба да работиме. Имаме уште доста натпревари пред нас. Гледам дека играчите се добро што се однесува до физиката, но многу работи мораме да поправиме“, вели Илиќ.

Реваншот меѓу Веспрем и Нексе се игра на 26 август во Унгарија.